Супер-вкусни колачиња подготвени за половина час!
Начин на подготовка:
- Во сад се матат 2 белки, 1 жолчка и 100гр. шеќер во прав додека не се соединат во хомогена смеса.
- Во смесата се додаваат: 100гр. мелени ореви, 50гр. мелени бисквити, 1/2 цеден лимон (ако смесата не е доволно густа, се додаваат ореви).
- Од смесата се формира облик со лажица и колачињата се ставаат на хартија за печење, а одозгора се посипувaат со сецкани ореви.
- Се печат 20 минути на 200 степени и уште 20 минути на 150 степени.
Автор на фотографија: Марија Ѓурчиновска