Сертификатна Марка

Нашите производи ќе ги препознате преку нашата заштитена сертификатна марка!

Нашите производи лесно можете да ги препознаете преку сертификатната марка „Одржливо произведен мед и други пчелни производи“, регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост. Во согласност со правилата за сертификација, примената на одржливите практики и квалитетот на пчелните производи ги гарантираме преку постојано следење и контролирање на производите кои што се обележани со нашата сертификатна марка.