За Меден Исток

Дознајте повеќе за нас, нашата група, нашите вредности и активности.

Јадрената група „Меден Исток“ ги здружува пчеларите од Брегалничкиот Регион, кои како единствено здружение во нашата земја, применуваат одржлив концепт на пчеларење преку примена на современи биотехнички методи за справување со болестите кај пчелите.

Целта на членовите во оваа јадрена група е да го промовираат и практикуваат одржливото користење на природните ресурси, примена на биотехнички методи како и обезбедување на квалитетни и безбедни пчелни производи

Медот и другите пчелни производи на членовите на јадрената група „Меден Исток“ се добиени од македонската автохтона пчела Apis mellifera macedonica, собирајќи го нектарот од живописната природа на планинските предели во Брегалничкиот Регион, Осогово, Малеш, Плачковица …

ЈГПБР „Меден Исток“ е воспоставена во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, Скопје.

За нашите вредности:

Се грижиме за животната средина и биодиверзитетот

Со примена на одржливи пчеларски практики во нашата јадрена група, засновани на научно-апликативни истражувања, директно придонесуваме кон зачувување на биолошката разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси во брегалничкот регион.

Биотехничките методи кај одржливото пчеларење ја заменува пчеларската практика на користење на синтетнички хемиски средства, која има негативно влијание врз пчелите, природата и потрошувачите.

Произведуваме безбеден, квалитетен и сертифициран мед и други пчелни производи

Нашиот мед и другите пчелни производи се добиени со особена грижа кон здравствената состојба на пчелните семејства преку примена на биотехничките методи и без апликација на синтетички хемиски средства. Ваквиот начин ги прави пчелните производи безбедни и квалитетни за потрошувачите на мед и други пчелни производи.

Квалитетот на производите се гарантира со воспоставниот внатрешен систем на контрола и следливост на одгледувањето на пчели и квалитетот на пчелните производи.

Преку нашата веб страница, виртуелно Ве водиме да ги посетите нашите пчеларници од каде се добива медот кои што вие го конзумирате.

Се грижиме за социоекономскиот развој на руралните средини

Преку активностите на јадрената група „Меден Исток“ за едукација и информирање на руралната популација за интегрирање на принципите на одржлививите методи на пчеларење, се креираат можности за додадена вредност на пчелните производи. Ова придонесува пчеларството да прерасне во сериозна деловна активност и извор на дополнителни приходи кај руралните домаќинства, а особено вклучување на младите и жените како ранливи групи во заедницата, кое пчеларството како гранка го овозможува. Целта на оваа група е да преку одржливо пчеларење и развој на производи кои ќе имаат додадена вредност, младите пчелари да креираат економска добивка. Со ова придонесуваме младите помалку да се отселуваат и да имаат поголема надеж за својата иднина и перспектива во регионот.

Сето ова ќе придонесе за зачувување на руралниот амбиент, зачувување на социјалните вредности и подобрување на животот во помалите средини, како и намалување на силната миграција изразена во овој регион.