Што е одржливо производство?

Што правиме за да го направиме производството подобро?

Поради интензивниот начин на живеење, секојдневната промена во сите сегменти од животот кои се случуваат, а особено различните желби на човекот за користење на постоечките природни ресурси, неопходно е сериозно планирање и одржливо користење на природните ресурси. Одржливите практики во сите сфери на човековото делување, кои се базираат на одговорно користење на природните ресурси, се клучни за екосистемите да останат разновидни и функционални, а тоа придонесува кон зачувување на животната средина и посигурна иднина за денешните и идните генерации.

Затоа како јадрена група се определивме за примена на одржливи практики во нашето пчеларење, кои очекуваме да бидат широко прифатени и практикувани, а за доброто на сите нас.

ЈГПБР „Меден Исток“ е единствено здружение во Македонија кое има развиено програма за едукација за основно пчеларење на одржлив начин, која е верифицирана и национално признаена. Секој заинтересиран љубител на пчеларството и природата може да биде дел од едукативната програма.