Пробајте да ги направите овие супер-вкусни колачиња од мед и путер од кикирики!
Состојки:
- 240 g природен путер од кикирики
- 170 g мед
- 1 јајце
- 70 g овесно брашно
- ½ лажичка сода бикарбона
Начин на подготовка:
- Претходно загрејте ја рерната на 180°c. Поставете плех со хартија за печење и оставете го настрана.
- Во длабок сад, најпрво изматете ги путерот од кикирики, медот и јајцата. Потоа во истиот сад додадете овесно брашно и сода бикарбона и повторно сé изматете.
- Ставете толку тесто колку што собира во една лажица и потоа формирајте топчиња. Ставете ги на плехот и нежно израмнете.
- Ставете го плехот во рерна и печете на централната решетка 8 – 10 минути, додека колачињата не добијат златно-кафеава боја.
- Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат најмалку 15 минути.