Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Ненад Јанчов - 070 422 369
Фото: Emli Bendixen
Јас сум роден и живеам во с. Грљани, Виница, сместено на тромеѓето помеѓу Плачковица, Голак и Осоговските Планини. Селото е од разбиен тип како и повеќето села во Источна Македонија.
Моите родители уште пред многу години почнале да се занимаваат со пчеларство на некој традиционален начин, за конечно пред десетина години да почнеме активно и попрофесионално да ја развиваме оваа гранка, која е многу погодна за овој регион.
Имам околу 120 пчелни семејства на три различни локации (пчеларници), и сите се на надморска височина над 750 м. каде произведуваме еден од најквалитетниот шумски мед во регионот што е потврдено и со првото учество и првиот златен медал за квалитет на шумски мед на натпреварот во Нови Сад во 2019 г.
Заедно со моите родители и мојот помал брат, веќе неколку години успешно и самостојно опстојуваме во овој бизнис.
Нашата приказна доби пресврт пред две години, кога учествував на обуката за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата, како и на напредната обука за вадење млеч и други пчелни производи не толку познати како медот, но ценети на пазарот. Исто така мојот пчеларник беше дел од научно-апликативното истражување на ПЗП, за примената на биотехничките методи на пчеларење во овој регион. Нешто што најмногу ми се допадна, а и беше пресудно за основање на здружението „Меден Исток”, е тоа што акцентот не го ставаме на квантитетот, туку на добивање квалитетни 100% природни производи без хемикалии, што ќе ги понудиме на пазарот, а претставуваат реткост во Македонија и регионот.
Целата оваа приказна не би била успешна да не беше љубовта кон пчеларењето, верата во Бог и надежта за подобро утре.
Контакт телефон: 070 422 369
#1018