Движете го глувчето во било кој правец или вртете со вашиот мобилен телефон за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Илија Литајковски - 072 213 138
Роден сум во Берово во 1985 г. Со пчеларство започнав да се занимавам од 2016 година, започнувајќи со три пчелни семејства, кои ми беа дадени од Програмата за зачувување на природата, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координирана од Фармахем.
Во моментов поседувам два пчеларника: еден на Беровско езеро и вториот во атарот на с. Будинарци, со вкупно 40 пчелни семејства и сè уште сум во развој. Мојот мед е планински и ливадски, а дополнително од пчелите обезбедувам и други пчелни производи, како што се: полен, перга, прополис и матичен млеч, за што се обучив преку напредната обука од Програмата за зачувување на природата. Во догледно време планирам да добивам и пчелин отров кој е многу актуелен. Имам голема фамилијарна поддршка во грижата за пчелите, во нивниот развој и напредокот, што ми овозможува и поголема професионалност во пчеларството.
Пчелите се вредни, работливи и нераскинлив дел од природниот биодиверзитет. Без пчели нема опрашување на овошките и растенијата, а без тоа ни животот на Земјата.
Малешевијата е со право најчистиот регион преполн со шуми, ливади и горски треви, каде индустрија и загадување скоро и да не постои. Особено сум горд што преку пчеларењето во мојот малешевски крај, можам да промовирам здрава храна, туризам и чиста животна средина.
Контакт телефон: 072 213 138
#1009