Пробајте го ова вкусно смуди со банана и вкусен мед!
Состојки:
- 2 банани
- 550 ml млеко по ваш избор
- 1 – 2 лажици мед
- Неколку коцки мраз
Начин на подготовка:
- Ставете ги мразот и бананите во блендерот, заедно со 1 лажица мед и половина (275 ml) од млекото. Мешајте додека смесата не се соедини и изедначи.
- Вкусете го смудито, и доколку сакате посладок вкус, додадете уште мед.
- Додадете го преостанатото (275 ml) млеко и повторно изблендирајте додека смесата не се соедини и не стане пенлива.
- Сервирајте со коцки мраз по желба.
Во првиот чекор исто така може да додадете некое друго овошје или неколку парчиња чоколадо.