Движете го глувчето во било кој правец или вртете со вашиот мобилен телефон за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Ванчо Кировски - 078 364 075
Фото: Emli Bendixen
Роден сум 1968 г., во Кочани. Со пчеларство се занимавам од 1993 г., кога ги купив првите три пчелни семејства во трмки.
Во досегашната пчеларска пракса, лично сум ги испробал сите конвенционални и органски методи и технологии на пчеларење и денес со сигурност можам да кажам дека најдобар начин е одржливото пчеларење, со употреба на биотехничките методи: „Отстранување на легло“ и методот „Затворање на матицата во кафез“. Сметам дека овие методи уште повеќе можеме да ги усовршиме и искомбинираме за попродуктивно пчеларење.
Пчеларам со околу 100 пчелни семејства, претежно селидбено, на повеќе локации. Најважни сегменти за добро пчеларење се едукацијата, примената на соодветни технологии, добра опрема, навремено и квалитетно завршување на активностите во пчеларникот и да ги оставиме пчелите да го произведат медот на најдобар начин.
Како претседател на ЈГПБР „Меден Исток“, можам да потенцирам дека за нашата успешност и резултатите на секој поединечно, се плод на несебичната поддршка на тимот од Фармахем, Скопје што ја координира Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 и Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC). Најважно според мене е да пчелариме со љубов, трпеливост и упорност кон пчелите.
Контакт телефон: 078 364 075
#1003
Фото: Emli Bendixen