Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Тони Димитров - 070 213 545
Јас сум Тони Димитров, роден во јули, 1969 г. во Кочани, каде живеам и работам.
Со пчеларство почнав да се занимавам од 2001 г. со три пчелни семејства. Во моментов имам околу 100 пчелни семејства на три локации. Едниот пчеларник е во низинскиот дел и е репродуктивен центар, а другите два пчеларника се во Осоговието, на местото викано Крушка, на околу 900 м. н. в. Најголем дел од медот е планински, добиен во чиста еколошка средина.
Пчелите ги работам сам, а синот ми помага кога е слободен. На почетокот пчеларството го почнав како хоби, но постепено со зголемувањето на бројот на пчелните семејства, тоа веќе не ми е хоби, бидејќи грижата за поголемиот број на пчелни семејства бара многу труд и вложување. Иако сум вработен, сепак периодот после работа од март до септември ми е целосно испланиран со активности околу грижата за нив. Ми претставува особено задоволство кога сум на пчеларник и работам, бидејќи психички ме одмара зуењето на пчелите и нивната совршена организираност.
Производите од пчелите кои ги добивам на одржлив начин имаат додадена вредност, не само поради тоа што се добиваат од прекрасната природа на Осоговието, туку и сертификацискиот систем за следење и контрола кој го воспоставивме како здружение „Меден Исток“ со сертификатната марка „Одржливо произведен мед и други пчелни производи“. Медот е одличен природен производ за одржување на здравјето на луѓето, затоа слободно консумирајте го медот Меден исток, кој е со проверен квалитет.
Контакт телефон: 070 213 545
#1022