Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Мики Јанчов - Тел: 072 665 240
Јас сум од роден во 1997 г. и живеам во с. Грљани, Виничко.
Фамилијарно со пчеларство се занимаваме од поодамна, но посериозно почнавме откако бев на обука организирана од Програмата за зачувување на природата. Во сите обврски околу пчелите е вклучена и мојата сестра Магдалена Јанчова (1996г.). Пчеларството за неа отсекогаш било хоби и тоа го работи со големо задоволство. Имаме два пчеларника и околу 100 пчелни семејства.
Бидејќи пчелите ни се стационирани на еколошки чисто ридско подрачје, медот ни е природен и претежно планински. Пчелите на некој начин нѐ исполнуваат и поради тоа постојано се стремиме да учиме нови работи за нив, а и да применуваме нови, подобри и алтернативни биотехнички методи во однос на одгледувањето, како што се: Затворање на матицата во кафез и Отстранување на легло.
Пчелар може да биде само оној кој ги сака пчелите, оној на кој најпрво ќе му биде битен нивниот опстанок и кој е свесен дека не секогаш ќе има профит од нив. Но опстанокот на пчелите не треба да биде важен само за пчеларите, туку за сите луѓе подеднакво поради нивното големо значење.
Контакт телефон: 072 665 240
#1013