Движете го глувчето во било кој правец или вртете со вашиот мобилен телефон за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Благојчо Божановски - 070 326 186
Роден сум 1981 г. и живеам во Пехчево. Со пчеларење почнав да се занимавам рекреативно од 2012 година, започнувајќи со 15 пчелни семејства на стационарен пчеларник на локацијата Амушеви Чешми во Пехчево, на 1000 м.н.в.
Денес пчеларам со околу 110 пчелни семејства и имам формирано уште еден пчеларник на Малешевските планини, атар на с. Русиново, исто така на надморска височина над 1000 метри. Во иднина имаме планови да формираме барем уште два пчеларника на различни локации. На тие пчеларници, зависно од годината, поради подоцнежната паша, медот е претежно мешан или планински, но има и ливадски мед. Откако се зачленив во здружението „Меден Исток“, започнав да ги применувам одржливите практики во пчеларството, со што моите производи имаат поголема додадена вредност на пазарот.
Во моментот поголемиот дел од обврските ги работам сам, а имам и поддршка од сопругата Наташа. Во иднина се надеваме дека барем едно, ако не сите од нашите три дечиња, ќе навлезе во светот на пчелите и ќе имаме наследник во одгледувањето на пчели.
За крај, би сакал сите почетници кои се одлучиле да се занимаваат со пчеларство, да ги охрабрам да бидат истрајни и големи ентузијасти, зошто во пчеларството не може да се предвидат сите текови. Исто така им препорачувам на сите пчелари да ги практикуваат одржливите практики во пчеларството, за да на пазарот имаме безбеден и квалитетен мед. Пчелите се највредниот и најважниот дел од сè што постои во живиот свет, а со тоа што сме одлучиле да ги чуваме и одгледуваме и ние стануваме дел од природата.
Контакт телефон: 070 326 186
#1002