На 7 Август 2022 година, во Еурохотел Градче – Кочани се одржа свечено доделување на сертификати на 37 млади пчелари за завршена втора сертифицирана обука “Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин” имплементирана од страна на Меден Исток и поддржана од Национална Федерација на фармери – НФФ, Шведската агенција за развој – We effect и СИДА, како дел од проектот “Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од руралните области со цел зголемување на приходите”.
За време на обуката учесниците имаа можност да научат да пчеларат на своите пчеларници со употреба на биотехнички методи и да станат сертифицирани пчелари на одржливо пчеларење со следниве компетенции :
- ОСНОВИ НА ПЧЕЛАРСТВОТО И ПОДИГАЊЕ НА ПЧЕЛАРНИК
- ПЧЕЛАРСКА ОПРЕМА, ПРИБОР, АЛАТИ И БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА
- ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТАТА ВО ПЧЕЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА
- БОЛЕСТИ КАЈ ПЧЕЛИТЕ И БИОТЕХНИЧКИ МЕТОДИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО БОЛЕСТИТЕ
- РОЕЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД РОЕЊЕ
- ПРИХРАНА, ЗАЗИМУВАЊЕ НА ПЧЕЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА И СЕЛИДБА
- ПЧЕЛНИ ПРОИЗВОДИ, СОБИРАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ, ПАКУВАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПРОМЕТ СО МЕДОТ
Оваа четиримесечна обука вклучуваше теоретски предавања одржани во едукативен центар, додека практичниот дел учесниците го следеа на пчеларник каде им беа демонстрирани сите процеси од одржливото пчеларење.
На церемонијалното завршување на обуката, покрај свечено доделување на сертификати се одржа и натпревар со дегустација за најдобар вкус на мед.
Можност да учествуваат во натпреварот на мед имаа и членовите на Здружението како присутни на настанот.
Комисијата за избор на Меден Исток за највкусен мед во 2022 година ги одбра следниве:
- Мирјана Ивановска од Македонска Каменица, прво место
- Зоранчо Костадинов од Кочани, второ место
- Бошко Лозаноски од Прилеп, трето место
На церемонијата, предавачите Ванчо Кировски и Марјан Арсов, им посакаа понатамошни медни успеси на своите ученици и им понудија можност за членство во Здружението ЈГПБР Меден Исток, кој веќе брои повеќе од 30 члена. Поздравен говор одржаа и Директорот на Национална федерација на Македонија-Стеван Орозовиќ, како и програмскиот советник од Програмата за зачувување на природата – Катерина Ивановска посакувајќи им успех на овогодинешните учесници на обуката.
Горди сме на уште една успешно завршена медна обука и се надеваме на што поголем интерес од љубителите на пчелите за обуките кои следуваат.