Изминатиов викенд, од 12ти до 14ти ноември на плоштадот „Македонија” во Скопје се одржа промотивен и продажен настан на Јадрената група „Меден Исток”, каде беа презентирани пакувањата од 250г и 500г сертифициран мед произведен на одржлив начин.
Присутните на настанот, освен што можеа да го купат и вкусат медот од нашите членови, беа запознаени и со активностите на ЈГПБР „Меден Исток“ кои применуваат одржливи практики во пчеларството со особена грижа кон зачувување на природата.
Беше презентиран квалитетен, безбеден и сертифициран мед произведен од живописната природа на планинските и ливадските предели во Брегалничкиот регион.
Медот од Меден Исток е произведен преку одгледување на домашната, автохтона македонска пчела – Apis mellifera macedonica, со примена на најсовремените биотехнички методи и без употреба на пестициди.
Контролата на квалитетот се врши внатре во здружението преку системот за внатрешна контрола, а истиот е потврден од страна на домашни и странски акредитирани лаборатории кои ги испитуваат примероците од мед.
Членовите на здружението добиваат награди на натпревари во земјата и странство, кои се уште една потврда за врвниот квалитет на медот кој го призведуваат.
Сите кои не успеаа да дојдат и да го посетат нашиот штанд, секогаш можат да нарачаат мед од некој од производителите на Меден Исток. Контактите од сите производители, како и деталите за тоа од каде потекнува и како е произведен вашиот мед, можете да ги најдете тука на нашата веб страница.