Претседателот на Јадрената група „Меден Исток“, Ванчо Кировски гостуваше во емисијата Еко Баланс.
Во емисијата Еко Баланс која што се емитува на МТВ секоја сабота во 11:45 часот, претседателот на „Меден Исток“ ги запозна гледачите со нашата иновативна зелена идеја т.н. „Пријатели на пчелите – Friends of the bees“, со која како јадрена група учествувавме и е една од трите национални победници на натпреварот „Филантропија за зелени идеи“, во организација на здружението за социјални иновации „АРНО“. Со оваа зелена идеја сакаме да промовираме примена на биотехничка метода во пчеларството, развиена во рамки на Програмата за зачувување на природата, а со која се добиваат безбедни и квалитетни пчелни производи, и позитивно влијае врз зачувување на биодиверзитетот и природните ресурси во Источниот регион.
Погледнете го целото интервју на Facebook страницата на Еко Баланс на следниов линк: www.facebook.com/ekobalans.mk/posts/887726885391857