Ви ја претставуваме најновата публикација подготвена во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), електронската брошура „Здружени пчелари за медена иднина“.
Во оваа брошура можете да прочитате и за пчелите и нивната важност за човештвото, за глобалните предизвици во пчеларството, за членовите на Меден Исток и нивното сведоштво заедно со други преостанати теми интересни за сите пчелари и луѓе со интерес за пчеларење во иднина.
Програмата за зачувување на природата (ПЗП) е проект на Владата на Швајцарија, координиран од Фармахем – Скопје.