Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3.Обуки за побарувани занимања, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија на ден 05.08.2021 година, се објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентирани невработени лица
Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 18.08.2021 година.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки а се однесуваат на следните занимања и градови:
- Неговател/ка на лица со попреченост – Делчево, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Битола, со завршено минимум средно образование,
- Неговател/ка на деца со посебни потреби – Штип, Кавадарци, со завршено минимум средно образование,
- Негувател/ка на стари и немоќни лица – Велес, Кичево, Крива Паланка, Неготино, Струга, Охрид, Прилеп, Скопје, Тетово, Дебар, Кочани, со завршено минимум основно образование,
- Личен асистент на лица со попреченост – Куманово, Скопје, Велес, со завршено минимум средно образование,
- Педагошки помошник за ученици во основно образование – Скопје, со завршено минимум средно четиригодишно образование,
- Агент за продажба преку телефон – Скопје, со завршено минимум средно образование,
- Дигитален маркетер – Скопје, Куманово, Битола, со завршено минимум средно образование,
- Монтер и инсталатер на сончеви панели – Скопје, Куманово, со завршено минимум средно стручно образование од електротехничка или машинска струка,
- Монтер и сервисер на соларни термални и фотонапонски системи – Штип, со завршено минимум средно образование,
- Изведувач на системи за обновливи извори на енергија – Скопје, со завршено минимум средно образование,
- Собирач на секундарни суровини – Скопје, со завршено минимум основно образование,
- Бравар – Куманово, Тетово, Штип, со завршено минимум основно образование,
- Заварувач – Куманово, Тетово, Штип, со завршено минимум основно образование,
- Оператор на ЦНЦ машина – Тетово, со завршено минимум средно образование,
- Бариста – Тетово, со завршено минимум средно образование,
- Козметичар -Струмица, Тетово, со завршено минимум основно образование,
- Маникир – педикир – Струмица, Тетово, Штип, со завршено минимум оосновно бразование,
- Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин – Кочани, со завршено минимум основно образование и
- Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво – Струмица, со завршено минимум основно образование.
Обуката ќе се реализира во период од 2 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука, пропишан од Министерство за образование и наука.
Корисниците на паричен надоместок и корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губат ова право.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот оглас.
Во зависнот од бројот на пријавени лица кои ги исполнуваат условите наведени во ЈО, при изготвување на критериумите за селекција ќе се почитуваат и следните основни принципи:
-Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19,
-Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот и
-Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија.
При селекција на пријавените кандидати во обуките предност ќе имаат невработени лица кои предходно не биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk