Ротирајте ја фотографијата со глувчето или со вашиот мобилен телефон за целосно да погледнете еден од пчеларниците на Слободан.

Слободан Мицевски

Јас сум Слободан Мицевски, роден во 1960 г., во Негрево, Пехчево.

Со пчеларство се занимавам од моето детство, кога првото пчелно семејство ни беше донесено од с. Умлена, како подарок за семејството и од тогаш па до денес традицијата на одгледување пчели не прекинала.

Имам три пчеларници кои што се лоцирани во:

  • Пијанец и Малеш
  • с. Негрево и с. Црник
  • На Кадиица (Букови) на 1500 м.н.в.

Пчеларам со Ланстрот-Рутови и Дадант-Блатови кошници. Медот е претежно ливадски, од бела детелина, мајчина душица, магарешки трн и дива црешна.

Моментално интерес имаат и двајцата синови да продолжат со пчеларење, а се надевам дека понатаму ќе се интересира и внукот. Едниот син веќе ја помина обуката во организација на Програмата за зачувување на природата.

Одгледувањето на пчелите е многу интересно и значајно, тоа го одржува светот. Особено ме импресионира работливоста и дисциплината на пчелите. Тие за моето семејство се важни и од економска гледна точка. Покрај пчеларство, се занимавам и со овоштарство, а овие две дејности се надополнуваат и притоа се зголемуваат приносите во мојот овоштарник.

Контакт телефон: 070/111-222

E-mail: slobodan@medenistok.mk