Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Наташа Велковска - 075 258 127
Иако сум родена во Делчево, мажена сум и живеам во Пехчево каде што и ги одгледувам моите пчелни семејства.
Дружењето со пчелите го започнав како хоби во 2002 година со 10 пчелни семејства, а денес сум целосно посветена на пчеларството и имам 95 пчелни семејства, стационирани во непосредна близина на градот Пехчево, на малешевската локација Суви Дол, која има прекрасна и чиста природа.
Одгледувањето на пчели е макотрпна работа, мора во целост да им се посветите на тие мали трудољубиви инсекти кои произведуваат нешто, што досега науката не успела да го направи по вештачки пат. Доколку работиме за да произведеме квалитетен мед, потребно е големо знаење и искуство, коешто јас го стекнав од мојот сопруг Николчо, кој ми е огромна поддршка во овој семеен бизнис. Меѓутоа, потребно е многу работа, посветеност и вложување.
Едукацијата е доста важно во пчеларството, па затоа јас и мојот сопруг ги посетуваме скоро сите семинари поврзани со пчеларство – како во Македонија, така и во соседните држави. Со учеството на обуката за млади пчелари од Програмата за зачувување на природата и напредната обука за производство на пчелни производи, се здобив со големо знаење за одгледување на пчелите, производство на мед и други пчелни производи.
Во здружението „Меден Исток“ многу работиме на производство на квалитетен мед кај сите членови, познат под брендот Меден исток, кој е сертифициран со сертификатна марка дека е произведен на одржлив начин, со што се одвојува од другите производи на пазарот. Пчелите се всушност оние кои го прават медот „супер-храна“ – тој е исклучително здрав и лековит за човекот, па затоа нас ни преостанува само да се грижиме за нив а природата заедно со нив ќе ни ја дава оваа „супер храна“ за која што луѓето се повеќе и повеќе се свесни за значењето на пчелите во природата.
Контакт телефон: 075 258 127
#1016