Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Гоце Ружински - 070 612 343
Роден сум 1985 г., во Берово, каде што живеам и работам.
Со пчеларство почнав да се занимавам во 2015 година, започнувајќи рекреативно со 3 пчелни семејства. Кога во 2016 година ја добив информацијата за обуките на Програмата за зачувување на природата, веднаш се пријавив, бидејќи сакав рекреативното пчеларење да го претворам во мал семеен бизнис. Така почнав да го зголемувам и бројот на пчелни семејства.
Денес имам 2 пчеларника со околу 60 пчелни семејства кои се наоѓаат во атарот на с. Владимирово, во месноста викана Широки дол. Локацијата е оддалечена речиси 20 км од урбан дел, каде што не поминуваат никакви моторни возила, а медот кој го добивам е природен, планински и еколошки. Мојот пчеларник беше и еден од пчеларниците на кој беше спроведено истражувањето за примена на алтернативните методи за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства, кои методи и по завршувањето на истражувањето продолжив да ги практикувам.
Во пчеларењето голем дел од обврските ги завршувам сам, но имам голема поддршка од целото мое семејство, така што за во иднина планирам уште повеќе да го зголемувам бројот на пчелни семејства, а се надевам и бројот на пчеларници.
И за крај би сакал да истакнам дека пчелата е еден од најважните инсекти во светот, и претставува многу важна алка во природниот екосистем. Опрашувањето на пчелите ја одржува генетската разновидност на цветните растенија, а исто така пчелите се најважниот опрашувач на земјоделските култури, со што и се зголемуваат нивните приноси. Го сакам пчеларството бидејќи дружењето со пчели ме релаксира од секојдневните обврски. Едноставно уживам во секој момент поминат во природата со нив.
Контакт телефон: 070 612 343
#1005