.
Оглас за работен ангажман во ЈГПБР Меден Исток – Кочани

Административен асистент

Локација: Кочани и околината

Опис на активностите:

  • Водење на административни процеси во здружението
  • Поддршка во процесот на набавка и продажба на мед и пчелни производи
  • Подготовка, преглед и објава на содржини за социјални медиуми
  • Подготовка на дописи, извештаи, кореспонденција, архивирање
  • Организирање на настани
  • Поддршка при подготовка на апликации за јавни повици
  • Останати активности поврзани со секојдневното работење на здружението

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Со или без претходно искуство на слична позиција
  • Познавање на англиски јазик (пишување и говорење)
  • Работа со компјутери (MS Office пакет, Интернет, социјални медиуми)
  • Возачка дозвола: Б категорија

Нудиме:  работа во динамична средина, можност за професионален развој, работа на проекти финансирани од странски организации, посета на обуки и стекнување вештини поврзани со административно водење на работни процеси во здружение на граѓани.

Работниот ангажман е предвиден за времетраење од 6 месеци, со можност за продолжување.

CV на македонски јазик се доставува на следнава меил адреса: katerina.ivanovska@bregalnica-ncp.mk

Рокот за аплицирање е 30.11.2021, 16ч.

За Меден Исток:

Здружението Меден Исток е формирано во 2018 со седиште во Кочани, поддржано преку проектните активности на Програмата за зачувување на природата, проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Меден Исток здружува 22 пчелари од Брегалничкиот регион кои применуваат одржлив концепт на пчеларство преку примена на современи биотехнички методи за одгледување пчели. Членовите на Меден Исток го промовираат и практикуваат одржливото користење на природните ресурси, примена на биотехнички методи и обезбедување на квалитетни и безбедни пчелни производи. Медот и другите пчелни производи на Меден Исток се добиени исклучиво од одгледување на македонската автохтона пчела Apis mellifera macedonica.

.